МАЛКУМИНА ЗНААТ КОЕ Е ВИСТИНСКОТО ИМЕ НА ХЕЛЕН МИРЕН (76): Славната оскаровка има аристократско потекло!

popara4 септември, 202110min0
257475_profimedia0629948847_ls

Фестивал пред фестивалот е името на модната ревија на куќата „Долче и Габана“ во Венеција, што се одржа два дена пред почетокот на „Мостра“.

Многу познати личности и филмски диви побрзаа кон модниот спектакл, меѓу кои и Џенифер Лопез, Моника Белучи, Лејди Гага и Шерон Стоун, а изданието што „собра“ најмногу прегледи го зеде холивудската ветеранка Хелен Мирен (76).

Британската актерка, која е многу среќна да ги прекрши воспоставените модни правила наменети за дами во подоцнежниот живот, се одлучи за смела комбинација – луксузен фустан со принт од ренесансни слики и корсет во кој се плетени скапоцени камења.

Во одреден момент за време на презентацијата на колекцијата „Алта мода“ на плоштадот Свети Марко, таа дури танцуваше со Вин Дизел, партнер од акционата франшиза „Брзи и бесни“.

Оскаровката ја доби титулата дама од кралицата Елизабета, но тоа не беше само благодарение на нејзините уметнички достигнувања. Имено, Хелен Мирен ја наследи женската елеганција и софистицираност заедно со нејзиното аристократско потекло, на што таа никогаш не инсистираше. Покрај тоа, малкумина знаат дека вистинското име на виталната седумдесет и шестгодишна sвезда е Јелена Лидија Василевна Миронова.

Родена е во Лондон, во семејство на руски емигранти. Нејзиниот дедо Пиотр бил офицер во војската на царот Николај II Романов, а по Октомвриската револуција побегнал во Англија.

Исто така, интересно е што семејството на грофот на нејзината прабаба се споменува во романот на Толстој „Војна и мир“. Сакајќи за момент да се врати на своите корени, Хелен сними серија за Катерина Велика во Русија пред две години, каде ја игра главната улога.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma