“MAMMA MIA HERE THEY GO AGAIN”! Легендарната група издаде албум по 40 години

popara6 ноември, 20211min00
997877_abba2_ls

Легендарната шведска поп група „ABBA“ се враќа на музичката сцена со објавувањето на нивниот нов албум „Voyage“ по речиси 40 години од распаѓањето на познатиот бенд.

Бендот на почетокот на септември во Лондон најави нов албум и претстави една од новите песни „I Still Have Faith in You“.

Пред објавувањето на албумот, на јавноста и беа претставени уште две песни „Don’t Shut Me Down“ и модернизирана верзија на песната „Just A Notion“, снимена во 1978 година, но не се нашла на ниту еден албум.

Бендот најави и турнеја, но виртуелна со холограми на членовите.

Шведскиот квартет беше активен од 1972 до 1982 година. Последниот албум на групата „The Visitors“ беше објавен во 1982 година.

Групата ја сочинуваат Бјорн Улвеус (76), Бени Андерсон (74), Ани-Фрид Лингстад ​​(75) и Агнета Фалтског (71).

Со песната „Waterloo“ во 1974 година, „АBBА“ победи на Евровизија, а остана запаметена по хитовите како „Dancing Queen“, „Mamma Mia“, „Money, Money, Money“, „Take A Chance On Me“ „The Winner Takes It All“ и други.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma