Ел Селин (31) е натпреварувачка на овогодинешниот избор за Мис Велика Британија и има намера да се појави пред жирито целосно без шминка со цел да ги зајакне младите жени чија самодоверба е разнишана во ерата на филтри, и идеалите за убавина на граница со недостижното.
Нејзината одлука била инспирирана од борбата низ која поминала како тинејџерка, кога била малтретирана од нејзините врсници и се шминкала за да ги прикрие нејзините несигурности. Сега, вели таа, ќе се обиде да ги зајакне младите жени да го прават спротивното.
- Почнав да се шминкам на 13 години, за полесно да се вклопам – рекла Селин.
На 32 -годишна возраст, таа го смени својот став. Затоа, вели таа, веќе воопшто не се шминка, и сака да ги потсети другите дека шминката е прашање на избор на кое секоја жена има право.
- Не треба да се чувствуваме како да ни е потребна нечија потврда дека сме убави – рече таа и додаде дека денес е доволна само нејзината сопствена потврда за се што прави.
На нејзината одлука да се натпреварува за изборот за Мис, кој ќе се одржи кон крајот на оваа недела без шминка, влијаеше и притисокот од социјалните мрежи и ретушираните фотографии, за кои таа верува дека можат да му наштетат на менталното здравје и развојот на младите девојки.
- Ако освестам барем една девојка, ќе мислам дека мојата работа не беше залудна – заклучи Ел.