
Познатата македонска Лото девојка Марјана Станојковска покрај кариерата како ТВ водителка, доста усешно функционира и заработува и како инфлуенсерка на Инстаграм.
Разни модни и козметички брендови преферираат таа да им биде заштитно лице и да им ги промовира новите производи пред следбениците.
Дека во тоа е доста успешна покажува фактот дека целиот Инстаграм профил и е преполн со вакви рекламни објави, што речиси дури и нема такви од приватноста.
Овој пат пред дамите сакаше да презентира пролетно летен стајлниг сочинет од бела маичка и беж панталони кои се вистински моден хит периодов.
Она што освојува од моделот е секси детаљот од ремени кај струкот што на Марјана и стои совршено!
Нема сомнеж дека таа е вистинскиот модел за да презентира нешто вакво бидејќи изгледа бомбастично!
Температурите надвор постојано растат, летото е пред нас, па допрва следуваат жешки бикини фотографии од секси Марјана.
Преземено од vistina.com.mk