На крајот на летото, сигурно сте желни за удобноста на перниците и топлите бои што можат да го претворат вашиот дом во рај.
Сместен на северозападот од Африка, Мароко на западот го заплискуваат брановите на Атлантскиот Океан, а на север Средоземното Море. Веројатно поради тоа, мароканскиот стил на внатрешен дизајн, еден од петте најпопуларни, го комбинира духот на Африка и Ориентот, Арапите, Берберите и Европејците, проткаени со шармот на Медитеранот.
Шаренилото на Мароко никогаш не е кич
Во овој стил, топлите нијанси на земјени тонови лесно се комбинираат со тегет или тиркизно сина, смарагдно зелена и светли бои, формирајќи целина од која не можете да ги тргнете очите. Шаренилото што се создава на овој начин никогаш нема да залута кон кич, туку повеќе ќе потсетува на бајка, во која се е меко, топло, удобно, украсено и – можно.
Корените на голем дел од мароканскиот дизајн лежат во мавританската архитектура, позната по своите сводови, украсни мозаици, куполи и кога на тоа ќе додадете изрезбан мебел, често со цветни мотиви, шарени прекривки, светилки како магичната светилка на Аладин или висечки светилки во форма на ѕвона, во боја на старо злато, доаѓате до овој уникатен стил.
Плочките ја даваат атмосферата на Мароко
Керамичките, мозаични плочки се исто така неопходен фактор на овој стил, па доволно е да се одлучите само за нив, за да го направите вашиот дом посебен. Најприродно се наоѓаат во кујната и бањата, кога совршено се вклопуваат со модерен мебел, а цели sидови можат да бидат покриени со нив, во дневната или спалната соба.
Можете исто така да вметнете крошна над креветот, ако сакате да сонувате соништа од 1001 -та ноќ. Големите перници, еднобојни или шарени, со или без реси, исто така се нешто без кое овој стил не може да се замисли, како и столчиња од кожа што можете да ги поставите насекаде, дури и на терасата.
Не смееме да ги заборавиме мароканските теписи, кои се едни од најбараните во светот, но и ниските масички за кафе, изработени од дрво или кожа, кои со метални или месинг садови и шолји прават совршена целина за започнување на секој, многу посебен ден.