Аспирацијата на повеќето луѓе е да постигнат внатрешен мир и хармонија, а според некои, ова се постигнува преку медитација.
Треба да значи целосен мир, но се чини можно, според некои истражувања, да медитирате додека сте во движење.
Многу форми на движење можат да бидат медитативни, велат експертите, и тие вклучуваат одење, возење со ролери, но и некои други активности.
„Медитацијата при одење е апсолутен хит и дизајнирана да ги синхронизира телото и умот и да се поврзе со природата и околината“ – вели тренерот Вајлин Ву.
Тој додава дека наместо да медитирате со затворени очи во вашата соба или на тераса, можете да излезете надвор и да согорувате калории со медитација, додека сте фокусирани на вашето тело и дишење.
„Медитацијата во движење, во основа, значи да се фокусирате на она што го правите во моментот, а не на вашата цел или дестинација“ – објаснува тренерот.
„Фокусот е на движењата на телото, а не на умот“ – објаснува креаторот на програмата за апликација за медитација, Вилијам Фловер.
Инструкторот по јога, Рос Рејбурн, се согласува дека медитацијата со пешачење е одличен начин да се избегнат дразбите што се јавуваат при нормална медитација, односно во моментот кога ќе ги затворите очите.
Тренерот Ву наведува дека десетминутна сесија еднаш неделно е доволна за да се одржи стресот под контрола.
„Важно е да пронајдете место каде што ќе можете мирно да одите без мешање. Започнете со лесна прошетка и фокусирајте се на сегашноста, физичкото движење и вашата околина“ – советува тренерот.
Тој истакнува дека ако сте некаде во природа, можете да ставите слушалки и да ги следите подкастите за медитација преку Интернет.
„Медитацијата при одење има придобивки како што е елиминирање на стресот и зголемување на нивото на ендорфин. Покрај тоа, тоа ќе ве исполни со енергија и ќе ви помогне да останете во форма, како и да бидете во хармонија со себе и со вашите чувства“ – рече тренерот Ву.