Кралицата Елизабета има тешка работа. За неа секако е најтешко да ги балансира интересите на кралството со работите од личниот живот. „Кралицата не зборува за своите чувства и не ги охрабрува другите да зборуваат за своите чувства“, изјави за странските медиуми Метју Денисон, еден од експертите на кралското семејство. Тој додаде дека овој факт особено влијае на односот на кралицата со 39-годишната Меган Маркл и покојната принцеза од Велс, Дајана.
Тој објасни како нејзиниот пристап кон дискутирање на чувствата им оневозможува да се поврзат со 95-годишната кралица на начинот на кој тие сакаат. „Дијана имаше чести состаноци со Елизабет, но на крајот се чувствуваше како да имаат секогаш исти разговори одново и одново. Принцезата никогаш не размислувала на тоа која е нејзината свекрва, што претставувало пречка. Не знам дали Меган беше во иста ситуација бидејќи таа беше возрасна жена со искуство кога се приклучи на кралското семејство, додека Дијана беше млада девојка. Сепак, мислам дека и двете сакаа да го добијат од кралицата она што не можат“, објасни Метју.
Патем, поминаа скоро 24 години од трагичната смрт на принцезата Дијана. На тој кобен август 1997 година, кралицата се обрати до јавноста која беше изненадена од нејзиниот емотивен говор, што е реткост во кралското семејство. „Она што ќе ви го кажам сега, како ваша кралица и како баба, ќе го кажам од срце. Сакам лично да ѝ оддадам почит на Дијана. Таа беше исклучително и талентирано човечко суштество. Во добри и лоши времиња, таа никогаш не ја изгуби способноста да се насмевнува и смее, ниту да ги инспирира другите со својата топлина и љубезност “, рече кралицата, споменувајќи ги овие квалитети, навидум толку туѓи за кралското семејство.