Меган и Хари на јапонски начин! Принцезата Мако се мажи за „ОБИЧЕН СМРТНИК“, и сите се ЗАПРЕПАСТЕНИ од што се таа се откажува

popara29 септември, 202111min0
168527_profimedia0105361063_ff

Постојат многу сличности помеѓу приказната на британскиот принц Хари и јапонската принцеза, а јапонските медиуми пренесуваат дека Мако ќе продолжи да ги следи стапките на војводата од Сасекс.

Една од главните теми во јапонските медиуми деновиве е венчавката на принцезата Мако, 29-годишната внука на царот Нарухито. Ќерката на принцот Фумухит, инаку наследник на Нарухит, и младиот правник Кеи Комуро ќе кажат „да“ во текот на следните два месеци, а принцезата Мако се откажува од сите привилегии за да се омажи за него.

Како што веќе пишуваа медиумите, Мако ќе остане без титула, а се откажува од 1,35 милиони долари и многу поволности. Според традицијата на јапонското кралско семејство, принцезите кои се мажат за некој што е дел од граѓанството мора да се откажат од својата титула, а според законот добиваат огромна сума од државата за да можат да продолжат да „живеат достоинствено“. Мако решително го одби ова, и е првата во историјата што го сторила тоа.

Покрај тоа, извори блиски до кралското семејство велат дека парот ќе биде „Јапонски Меган и Хари“, повикувајќи се на фактот дека британскиот принц се повлече од позицијата висок член на кралското семејство и отиде во Америка со неговата сопруга со не-кралско потекло.

Принцезата Мако и Кеи, исто така, ќе живеат во Соединетите држави, каде се очекува папараците да ги следат нивните стапки. Младиот адвокат вчера беше фотографиран на аеродромот во Јапонија, каде што пристигна за претстојната венчавка, а многумина ја коментираат неговата долга коса крената во репче како симбол на бунт против традицијата.

Двојката се запознала во 2012 година, додека студирале во Токио, а ја споделија веста за нивната свршувачка во 2017 година, а тогаш планираа и да ја официјализираат својата љубов.

Сепак, свадбата беше одложена поради финансиски проблеми во семејството Комуро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma