Работата на тоа место потоа беше запрена, а канцеларијата на шерифот ангажираше форензичар антрополог за да го испита потеклото на остатоците и е во комуникација со локалната индијанска комисија за да ги разработи следните чекори.
Следуваше нов шок за Меган Маркл (39) и принцот Хари (36). Имено, на само неколку метри од нивниот дом во Калифорнија, пронајдени се човечки остатоци кои според претходните информации би можеле да бидат стари неколку века.
Остатоците, кои немаат никаква врска со кралската двојка, беа пронајдени додека се работело на проект за уредување на патот до улицата Монтесито каде што живеат. Според информациите, коските биле пронајдени закопани на длабочина од околу три метри, а тие припаѓаат на „млад возрасен човек и се многу стари“, пишува Дејли Меил.
Портпарол на канцеларијата на шерифот во Санта Барбара, според извештаите на британските медиуми, изјавил дека остатоците може да бидат тело на Индијанец. Првите извештаи велат дека лицето погребано на ова место било дел од народот Чумаш, кој ги влече корените од оваа областа пред скоро 11.000 години.
Работата на стоа место потоа беше запрена, а канцеларијата на шерифот ангажираше форензичар антрополог за да го испита потеклото на остатоците и е во комуникација со локалната индијанска комисија за да ги разработи следните чекори.
„Додека не добиеме официјално мислење од форензичар антрополог, нема да шпекулираме“, рече тој.
Властите потврдија дека пронајдените остатоци немаат никаква врска со Меган и Хари. Да потсетиме, нивниот дом се наоѓа во населбата Монтесито, на околу 150 км од Лос Анџелес, и вклучува куќа од 14.500 квадратни метри лоцирана на 7,4 хектари земја. Двојката има и базен, тениско игралиште и детска куќичка. Соседите на Меган и Хари, наводно, се: Опра Винфри, Гвинет Палтроу, Елен Деџенерс и Аријана Гранде.