Меган Маркл, според британските медиуми, родила здраво девојче, а принцот Хари е горд што стана татко по втор пат
Со името дадено на девојчето, принцот Хари и Меган Маркл и оддадоа почит на кралицата Елизабета Втора, која во кралското семејство го носи прекарот Лилибет, но и на покојната принцеза Дајана, мајката на принцот Хари.
„Многу сме среќни да објавиме дека принцот Хари и Меган го дочекаа раѓањето на нивната ќерка Лилибет Лили Дијана Маунтбатен Виндзор“, се вели во соопштението од канцеларијата на војводата и војвотката од Сасекс.
И мајката и ќерката се чувствуваат добро и се одмораат дома.
Бебето е родено во петокот во 11:40 часот во Калифорнија.