Универзално тесто за солени, слатки и празни кифли
Најбрзото решение за првиот или последниот оброк во денот се пецивата – солено или слатко, сето тоа зависи од личните афинитети на домаќинката и членовите на нејзиното семејство.
Ако сте љубител на кифли, а мразите да чекате да нарасне тестото, направете кифли со прашок за пециво – тие ќе бидат вкусни и воздушни како да содржат активиран квасец.
Ова е универзален рецепт за тесто што можете да го наполните со сирење, пица фил, ајвар, џем, крем… според вашите желби…
Состојки:
*чаша од 200мл
-2 чаши јогурт
-1 чаша масло
-1 јајце
-3 ќесички прашок за пециво
-1 лажичка сол
-1 лажичка шеќер
-1 лажичка оцет
-7 чаши брашно тип 400
-сусам, ким, сол
Подготовка:
Истурете брашно, сол, шеќер и прашок за пециво во голем сад, а потоа промешајте за да се соедини сè. Потоа додадете јогурт, масло, оцет и белки, и замесете тесто.
Пренесете го тестото на набрашнета површина, поделете го на 4 дела, а потоа секој дел расукајте го со сукало и исечете го на 8 триаголници. Ако сакате, можете да ги наполните кифлите со фил од сирење, џем или пица фил или да ги оставите празни.
Завиткајте ги кифличките, спуштете ги во намастен плен, премачкајте со изматена жолчка, посипете ким, сусам или крупна сол и печете во загреана рерна на 180 С околу 20 минути.
Пријатно!