Со малку брашно, квасец и вашите вештини, ќе направите вкусни переци кои ќе ве соборат од нозе.
Ако сакате јадења од тесто што можете да ги вкусите во секое време, без разлика дали се работи за ужина или главно јадење, запишете го овој рецепт бидејќи овие переци ќе ви го поматат умот.
Состојки:
Брашно 800 гр
1 квасец
2,5 дл млеко
1 маргарин
180 гр масло
2 лажици сол
2 јајца
1 лажица шеќер
Подготовка:
– Измешајте со топлото млеко со квасецот, шеќерот и малку брашно. Потоа, истурете го остатокот од брашното во сад за мешање, додадете квасец, масло, сол, жолчки и маргарин. Сето тоа замесете го за да се соединат сите состојки, по што треба да се развие тестото, направете переци и печете на 200 степени додека не заруменат.
На здравје!