Познатиот актер и оскаровец Мел Гибсон (65) е снимен како го поздравува поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас кога тој пристигна на борбата „UFC“, каде и се сретнаа во толпа народ.
Мел Гибсон го почувствува гневот на Американците на воен начин поради овој поздрав.
Видеото се шири на социјалните мрежи со брзина на светлината, а коментарите се сè побројни.
Актерот веднаш беше прозван и навреден поради овој поздрав, а многумина напишаа дека вакво нешто не ги изненадува.
„Фактот дека Мел Гибсон го поздравува Трамп не треба да изненадува никого. Нацистите ги поздравуваат другите нацисти“ – е еден од коментарите, со многу лични навреди и против Гибсон и Трамп.
„Мел Гибсон, кој се преправаше дека е војник, го поздравува Доналд Трамп, кој се преправаше дека е претседател. Има некоја смисла“ – додаде друг.
Многумина потсетија дека актерот зад себе има долга историја на расистички, антисемитски и хомофобични коментари.