Мелита Ракичевиќ им пркоси на времето и годините… Тие летаат ама за неа, како да стојат. Така барем оддава нејзиниот изглед, извајаното тело, бујните атрибути, младешкиот лик и дух… дар од мајката природа со мала помош на естетската хирургија и ете го нејзиниот рецепт за долговечност.
Сепак телото треба да се негува, а и душата треба да се храни, но и чува од постојаните налети и удари кои ни ги носи животот, со кои секојдневно сите ние се соочуваме. Или како што самата мелита вели:
„И не е битно што ти се случува, туку како се носиш со сето тоа“?
А таа очигледно знае како… Со годините наназад атрактивната и позната македонската трендсетерка очигледно го нашла својот рецепт за лична среќа, својот еликсир за спокој кој има свое име од четири букви: Море!
Распослана како сирена на крај песиочниот брег, Мелита одново го сподели сиот свој телесен раскош, потсетуајќи колку е згодна, атрактивна, привлечна, пожелна, секси… Предизвикувачка поза за машки воздишки и копнежи, но и за порака од Мели, за тоа што ја прави такава каква што е, нели?! Одговорот е во рецептот: Море!
„За мене морето е лек, еликсир и навика да живеам со месеци на море. Осум години имам апартман на море и сум целосно морски човек, вљубена засекогаш во тој морски мирис, звукот на брановите, мирот…“ – се отвори Мелита, откривајќи го својот еликсир за спокој.
А кога душата е мирна, спокојна, среќна и задоволна, тогаш и телото зрачи, а ликот блеска со насмевка од уво до уво… Како сирена на суво!
Преземено од vistina.com.mk