Чај што ќе ви помогне да спиете подобро.
Чаевите одамна се познати по смирувачкиот ефект, а многу од нив се пијат пред спиење. Ние ви даваме рецепт за најдобра комбинација на чаеви пред спиење.
Состојки:
1 лажичка камилица и исушена лаванда
1 лажичка желатин
мед, малку сол
1 чаша вода
Подготовка:
Загрејте ја водата до вриење и истурете ја во чаша. Додадете ја лажичката мешавина од чај во топка за чај и ставете ја во чашата. Оставете 5-7 минути, потоа додадете ги другите состојки и уживајте.