Летната сезона и одмори се во полн ек, а дамите како едвај да чекаа да го распослат својот сексапил на плажа.
Некои повеќе, некои помалку го покажаа своето (не)совршено тело, а на нивните социјалните мрежи може да се забележат фотографии во бикини.
Откако попуштија корона протоколите и малце стивна ситуација со коронавирусот, луѓето се опуштија, па се „распуштија“ на плажа.
Некогашната македонска водителка, а сега инфлуенсерка Миа Костова ова лето го минува надвор од Македонија.
Имено, Костова заедно со нејзиниот син и нејзината пријателка Тијана Кулиќ овие три месеци ќе ги поминат во соседството односно Албанија.
Токму поради тоа често на социјалните мрежи споделува фотографии од местото каде и одмара и работи, а на своите следбеници им го препорачува велејќи дека е одлична дестинација за одмор.
Миа речиси секојдневно споделува фотографии од нејзиниот работен одмор, покажувајќи како го поминува времето.
Костова досега објавуваше често објави, но на ниту една не е во бикини.
Таа сега се одлучи на својот „Инстаграм“ профил да ја сподели и првата фотографии во бикини за ова лето и го покажа своето разголено тело, но и своите бројни тетоважи.
-На толку фоловери немам слика за ‘их бе машала, многу си слатка срц’. Мислам дека е многу некоректно од моја страна. Еве една, следна којзнае кога пак“, напиша таа покрај постот.
Објавата за краток период доби над 4 000 лајкови, а под неа коментар остави и водителката Марјана Станојковска која остави срце за својата колешка.
Инаку, Костова откри дека ако биде сѐ како што треба во Албанија ќе остане до крајот на август.