Некогашната македонска водителка, а сега инфлуенсерка Миа Костова е активна на социјалните мрежи каде редовно ги рекламира разни брендови на накит, козметички производи, им покажува на следбениците како го поминува времето, знае да даде и некој совет.
Миа често знае да се вклучи во живо и со нејзините виртуелни пријатели да разговара на одредена тема, да го каже својот став, мислење…
За водителката стана пракса и да одговара на прашања на нејзините следбеници.
„Топ три иритирачки ствари од кои ти се пали фитиљ секундарно?“
- Секундарно не, дека секундарно е второстепено или од после…Ама во моментот затоа што сум позната како краток фитиљ, ме вади од кожа:
- Kога некој ме чепка по дете, на било кој начин.
- Лажен авторитет, глумење лудило, неморал прекриен со невиност.
- Лаги и невистини врзани за мене и коментари од луѓе кои ниту ги знам ниту ме знаат.
- Има! И брат и сестра. Големи.
- Не мислам дека е табу тема, се е во твојата глава и твојот став. И кон околината и кон најблиските. Следи го своето срце, не чаршијата. Немаш втор живот.
Дали на долг рок гледаш иднина од „инста – бизнис“?
- Да! Многу бизниси тргнуваат од инста кога веќе имаш маркетинг простор разработен, можеш многу повеќе од само инста.
Секс колку пати неделно?
- Ако сексот се рачуна колку пати неделно некаде грешите. Сексот не е работа. Спиеш со некој кога сакаш, не дека не си имал секс една недела. Значи, некогаш ниту еднаш во една недела, некогаш секој ден. Зависи од главата, желбата, времето, околностите и крајно од желбата, одговори Костова.