Мијте се што е можно повеќе за време на епидемијата.
Од појавата на корона вирусот, се повеќе се зборува за миењето на рацете, но не заборавајте на редовното миење на лицето, бидејќи тоа е најмногу изложено на надворешни влијанија.
Иако општо правило е да се мие двапати дневно, тоа зависи од типот на кожата.
На луѓето со мрсна кожа и проблеми со акни им се препорачува да го мијат лицето три пати на ден. За оние кои имаат сува кожа – двапати.
Но, за време на пандемија, ако сте биле надвор, кога ги миете рацете, не заборавајте да го измиете и лицето. Експертите препорачуваат благи производи за лице, бидејќи миењето го отстранува површинскиот слој на кожата и дел од природната маснотија што кожата ја произведува со цел да се заштити. По миењето, нахранете го лицето со хидратантна крема, бидејќи честото чистење и миење ја суши кожата, што предизвикува брчки.