Микеле Мороне ги запрепасти обожавателите со фотографија со маж!

popara4 јуни, 20211min0
489230172

Италијанскиот актер Микеле Мороне, за кого жените полудеа по улогата во филмот „365 дена“, со нова фотографија со маж, ги загрижи и зачуди обожавателите, особено припадничките на понежниот пол.

Популарниот актер Микеле Мороне објави фотографија на социјалната мрежа Инстаграм на која е гол и е во блиска прегратка на маж. Судејќи според фотографијата, актерот се наоѓа на плажа, па спорната фотографија е направена по пливање и сончање.

Оваа објава предизвика лавина реакции од обожавателите на Микеле, а повеќето прашања доаѓаа од женскиот дел од популацијата кои сакаа да знаат дали Мороне е всушност геј.

– Јас сум лажго – напиша италијанскиот актер во описот на фотографијата.

Да се потсетиме, Мороне беше оженет со дизајнерката Рубо Саде со која има два сина, Маркус и Бренд.