Многумина дури и НЕ ЗНААТ дека постојат, а толку се СЛАТКИ И ТАЛЕНТИРАНИ: Вака изгледаат синовите на Бритни Спирс

popara7 октомври, 202110min0
Screenshot 2021-10-07 221318

Бритни Спирс има два сина кои ги доби во бракот со Кевин Федерлајн, за кои истакнува дека ја сакаат својата приватност и дека поседуваат многу таленти

Во последните месеци, Бритни беше во центарот на вниманието на јавноста поради она што се случи со нејзиниот татко. Борбата за нејзиното старателство траеше многу години, и на крајот, нејзиниот татко ја уценуваше.

– Бритни заплака кога ја слушна одлуката на судијата. Долго мислеше дека нема да доживее ден кога нејзиниот татко нема да има контрола над секој аспект од нејзиниот живот, но тоа конечно се случи. Таа е во шок, без зборови и буквално скока од радост. Не почувствувала таква радост веќе 13 години – изјави неименуван извор за „Page Six“.

И иако се пишуваше многу за нив, многу обожаватели на оваа светска sвезда не знаат ниту дека има два сина. Со танчерот Кевин Федерлајн доби два сина, Шон Престон и Џејден Џејмс.

Сега сме во можност да ги видиме двајцата за прв пат по неколку месеци, а фотографиите ги објави пријател на Кевин, Еди Моралес. Тој ги пофали родителските способности на Кевин, рече дека е одличен татко, а во другите објави можеме да видиме дека Шон го наследил талентот за музика на неговата мајка.

Инаку, Бритни досега постојано истакнуваше дека нејзините момчиња ја сакаат приватноста и дека се нејзин благослов.

Да се потсетиме, Бритни и Кевин Федерлајн беа во брак од 2004 до 2007 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma