Една од најпопуларните актерки Сара Џесика Паркер сподели емотивна порака со фотографија од нејзините три деца, син и близначки
Актерката Сара Џесика Паркер сподели ретка фотографија од нејзините три деца. Иако ниту таа ниту нејзиниот сопруг Метју Бродерик никогаш не ги експонираа децата, славната Кери Бредшо одлучи да ги „прекрши“ нејзините правила, за да ја одбележи првата недела откако тие се вратија на училиште.
Сара и Метју имаат три деца, 18-годишниот син Џејмс и 12-годишните близначки Табита и Марион.
Додуша, таа одлучи да не им ги покажува лицата, но секако е новина што покажа како изгледаат!
„За само 7 дена: едниот стана бруцош на колеџ, другите две тргнаа во седмо одделение“, напиша актерката.
“Куќата е поинаква. Ние сме поинакви. Им требаме повеќе. И многу помалку. Љубов, љубов, љубов”.
За потсетување, продолжението на серијата „Сексот и градот“, се снима во Њујорк, а новите фотографии и информации за серијата ги воодушевуваат обожавателите на оваа позната серија од почетокот на 2000 -тите.