Манекенката Бриџит Малком објави видео на „ТикТок“ во кое тврди дека брендот „Викторија Сикрет“ има лошо влијание врз моделите, а нивниот обид да ја прифатат различноста и да ги зајакнат жените го претстави како „шега“.
Имено, таа рече на видеото на ТикТок со наслов „Малку предоцна, Викторија Сикрет“, дека нејзиното здравје е нарушено до тој степен што не изгледа здраво ниту однадвор ниту одвнатре.
„Го најдов мојот брусхалтер од шоуто во 2016 година. Ова е со големина 30А, а сега сум на 34Б. „Сега моето тело е здраво“, рече Бриџит во видеото кое брзо се прошири на Интернет.
@bridgetmalcolm too little too late Victoria’s Secret #victoriassecret #victoriasecretshows #CompleteMyLook #MyColoredHair
♬ original sound – Bridget Malcolm
Таа е една од најгласните модели која ја осудува популарната марка за долна облека, но и целата манекенска индустрија. Таа прв пат зборуваше пред три години, кога за „Харперс Базар“ раскажа сè за нарушувањето во исхраната што предизвикало да има проблеми со варењето, што и предизвикало анксиозност.
Бриџит јавно им се извини на обожавателите за советите што ги сподели и јавно ги застапуваше, бидејќи сфатила дека диетата и секојдневното вежбање не се исправни.
Во едно од нејзините видеа, таа раскажа како агентите на брендот ја поттикнувале на кокаин, секс и постојано ја терале да ослабе. Таа тврди дека постар маж неколку пати сексуално ја злоставувал, па затоа на крајот страдала и од депресија.
@bridgetmalcolm TW: sexual harassment. Remember when playboy tried to be trendy? Lol. Part 3 up
♬ original sound – Bridget Malcolm
Бриџит не е дел од компанијата од 2019 година, а денес работи со брендови со кои се чувствува безбедно, па реши да зборува за сè откако се опоравила.