Класично црно, сиво и темно сино, метално, со светки, кадифено, пастелно – Кара Делевин едноставно ги обожава костумите, па најчесто може да се види на јавни настапи. Иако понекогаш ги носи на кошула, елек или обична маичка, некои од највпечатливите верзии се блејзери облечени на гола кожа или соодветна долна облека, па затоа комбинациите на Кара се добар извор на инспирација за дневниот и вечерен изглед.
Оваа Лавица денес го слави својот 29 -ти роденден, па во таа прилика се потсетивме на нејзините комбинации кои совршено комбинираат женски и машки стил, и се одличен извор на идеи за безвременски секси изданија.