Природен лек
Алергиски осип:
Измешајте 3 лажици сода бикарбона и 1 лажица рицинусово масло и нанесете ја оваа смеса на телото неколку минути пред туширање.
Исплакнете го телото под млак туш. Алергискиот осип ќе исчезне.
Габи:
Измешајте 1 лажица рицинусово масло и 1 лажица сода бикарбона. Нанесете ја оваа мешавина на местото зафатено со габички и оставете го да отстои половина час, а потоа исплакнете ја и исушете ја кожата.
Истиот рецепт може да се користи за модринки и крварење, како и за ублажување на болката во колената.
Иритација на очите:
Измешајте 1 лажица рицинусово масло и половина лажица сода бикарбона. Нанесете го на капакот и оставете да делува 20 минути. Исплакнете со вода.
Оваа мешавина ќе ја смири иритацијата на очите, но исто така ќе ги избрише темните кругови под очите.
Подмладување на кожата:
Измешајте 1 лажичка рицинусово масло и една лажичка сода бикарбона. Масирајте ја кожата со оваа мешавина околу 3 минути, а потоа добро исплакнете ја кожата.
Оваа мешавина се користи и за смирување на каква било иритација на кожата, како што се каснувања од комарци и инсекти, за подмладување на кожата на вратот, како и за отстранување на папиломите од кожата.
Доколку сакате подобар ефект врз кожата, истријте ја смесата и оставете ја да делува 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Сето ова го правите пред спиење, бидејќи рицинусовото масло и сонцето никогаш не одат заедно.
Спречете го растот на брадавиците на кожата со нанесување на оваа мешавина и завиткување на брадавицата преку ноќ. Во утринските часови, извадете го завојот и исплакнете ја кожата. Повторете го ова неколку ноќи по ред.
Болка во грбот:
Измешајте сода бикарбона и рицинусово масло во исти пропорции и нанесете ја оваа мешавина на долниот дел на грбот.
Болката ќе помине многу брзо.