МОМЧЕТО НА ЦЕЦА ДОБИ УЛОГА ВО ФИЛМ! Богдан Срејовиќ заплови во актерските води – еве како се снајде!

popara13 октомври, 20215min0
413860_ceca.jpg_f

Богдан Срејовиќ, момчето на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, одлучи да влезе во актерскиот свет, а неговата улога во филмот „Пролетна песна“, кој е дело на Наталија Аврамовиќ, предизвика големо внимание во јавноста.

Имено, Богдан Срејовиќ го игра поранешниот кошаркар Пеџа, кој пие во барот. Во филмот, главниот лик Петра, ја игра Михаела Стаменковиќ, му приоѓа и почнува да му се додворува.

– Богдан ми е пријател од средно училиште. Кога барав актер за таа улога, ми требаше некој што како појава изгледа убаво – рече Аврамовиќ за „Курир“ и додаде дека бидејќи улогата бара да се игра кошаркар, и требал и некој висок, а Богдан прв и паднал на памет.

Аврамовиќ изјави дека била изненадена како Богдан одиграл.

– Како да глуми цело време. Потполно е природен, без трема. Има одличен изговор на англиски јазик. Многу е талентиран – изјави Аврамовиќ.

Актерката Михаела Стаменковиќ има позитивни впечатоци од сетот. Таа рече дека дечкото на Цеца бил професионалец.

– Го запознав Богдан тогаш, професионален  е. Има талент и беше задоволство да се работи со него – ги сподели своите впечатоци Стаменковиќ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma