Експертот за романтични состаноци, Симон Гросман, го сподели своето искуство на TikTok, откако еден странец ја покани да излезат, а тој сторил сé како што треба.
На видеото прегледано повеќе од 240 000 пати, Симон откри дека додека чекала пријателка во паркот, ѝ пришол еден маж и ја поканил на состанок. Таа не откри дали му го дала бројот или не, но го пофали неговиот успешен метод на приближување кон жената и неговиот суптилен обид за заведување. „Не се чувствував непријатно. Се чувствував како да го почитува мојот простор, не беше арогантен на кој било начин“, рече Симон.
Неговата воведна реченица добро му поминала кај Симон затоа што тој ја пофалил нејзината „енергија“, а не нејзиното тело или изглед. Симон додаде дека ѝ оставил простор да „излезе“ во случај да не биде заинтересирана за разговор. Дечкото почекал да се појави нејзината пријателка, пред да ѝ го побара бројот.
„Сигурна сум дека тој знаеше интуитивно дека ќе се чувствувам побезбедно ако му кажам да или не, бидејќи мојата пријателка беше тука и беше сведок на целата работа“, додаде таа. Истакна дека ова искуство е добар пример за пристапот на жената што сакате да ја поканите на состанокот.