Раперката Белкалис Алманзар, многу попозната како Карди Би, се породи и го роди своето второ дете! Таа и нејзиниот сопруг Офсет веќе ја имаат ќерката Калчер, а круната на нивната љубов и повеќе од турбулентна врска пристигна на 4 септември.
Карди роди момче и објави фотографија со Офсет и бебето на нејзиниот Инстаграм. Тие двајца, дури и во болнички кревет, сакаат да бидат опкружени со луксуз, па затоа се покриени со ќебе од Луј Витон.
“И семејството и пријателите веќе го сакаат толку многу. Едвај чекаме да го запознаеме со неговите браќа и сестри”, рече парот во изјава за People.
Патем, Офсет, покрај неговата ќерка Калчер, која ја доби со Карди, има три деца од претходните врски: Џордан, Коди и Кејли.
Карди во јули потврди дека очекува уште едно дете објавувајќи ја нејзината гола фотографија на која е облечена во бело и држејќи го бремениот стомак. Истиот ден, таа се појави во комбинезон Долче и Габана на наградите БЕТ, придружувајќи им се на Офсет и неговата група Мигос за време на настапот.
Медиумите постојано пишуваат за прељубата на Офсет, а јавна тајна е дека раперот ја изневерил Карди набргу откако го родила Калчер. Потоа се разделија, но не долго. Иако се слушаа гласини дека Офсет очекува бебе со друга жена, Карди го негираше тоа и истакна дека не ја изневерува.