Дури и птиците на гранката знаат дека познатата актерка Моника Белучи е една од најубавите жени во светот, а нејзината убавина ја наследија нејзините ќерки Дева (16) и Леони (11), кои ги доби од бракот со актерот Винсент Касел.
Ако се прашувате како изгледаат ќерките на една од најубавите жени во светот, одговорот е прилично едноставен – тие се слика и прилика на мама.
Додека се обидуваа да ги заштитат од очите на јавноста, папараците последен пат ги уловија во италијанскиот град Портофино каде заедно уживаа на одмор.
Тие беа фотографирани во опуштени изданија – без шминка и специјална фризура, а во една серија фотографии помладата сестра прави фотосесија за постарата.
Дева дефинитивно привлекува најголемо внимание бидејќи е постара и се облекува попредизвикувачки.
Да потсетиме, неодамна 16-годишното црномуресто девојче се појави на насловната страница на француското издание на списанието „Elle“.
Несомнено е дека долгата коса, затегнатиот нос и овалното лице се победничката комбинација за нејзината манекенска кариера, која, по сите претпоставки, оди по нагорна траекторија.
Моника Белучи беше во брак со Касел од 1999 до 2013 година, па дури и по разводот тие останаа во љубезна врска токму поради децата.
Погледнете повеќе фотографии од прекрасната Дева и нејзината помала сестра во галеријата подолу: