Многу вкусно и хранливо
СОСТОЈКИ:
- 1 кг. компири
- 5 јајца
- 1 чешне лук
- половина лажичка сенф
- малку сол и бибер
- семиња од сѐ само 3 лажици (тиква, сончоглед, кикирики …)
- 200 гр. Кисела павлака
- 2 лажици масло
- 1 лимон
ПОДГОТОВКА:
Печете ги компирите во рерна заедно со лушпата. Печете на 220 степени додека не омекнат. Сварете ги јајцата.
Излупете ги компирите и јајцата, потоа изрендајте ги или исечкајте ги.
Испечете ги семенките и издробете. Измешајте ги сите наведени состојки и уживајте во вкусна салата. Ако сакате, можете да додадете мајонез во салатата. Пријатно!