Може да биде најскапиот холивудски развод досега: Бред Пит и Анџелина Џоли сè уште не се договориле за ништо, а потрошиле милиони долари за адвокати

31 март, 2021
1428522

Горчливата битка за развод на Бред Пит и Анџелина Џоли е на добар пат да стане најскапиот холивудски развод досега, гледајќи само на правните такси, а според правните експерти, тоа би можело да трае уште шест години

Уште од кога 45-годишната Анџелина Џоли поднесе барање за развод од 57-годишниот Бред Пит во септември 2016 година, повикувајќи се на непомирливи разлики, поранешната двојка не покажува индикации дека нивната пресметка пред судијата ќе заврши наскоро.

Според проценките на правните експерти од Лос Анџелес, секој од нив веќе потрошил над 1 милион американски долари за правни трошоци, а битката за правно старателство би можела да се води уште шест години.

Родителите на шесте деца сè уште не постигнале договор за споделување на мултимилионското богатство, ниту за старателство над нивните пет малолетни деца.

Анџелина неодамна продаде слика на Винстон Черчил, за која се верува дека е подарок од Бред, по што брзо се проширија гласини дека таа го продала уметничкото дело за да ја подигне борбената моќ за битката со холивудскиот актер. Сликата е продадена на аукција претходно овој месец во Лондон за рекордни 11,5 милиони долари.

Кели Чанг Рикерт, адвокат за развод од Лос Анџелес, изјави дека смета дека ова може да стане едно од најскапите случаи на развод во историјата на Холивуд во однос на правните такси.

„Трае повеќе од четири години, па дефинитивно е еден од најдолгите случаи на славни личности што некогаш сме имале можност да го видиме“, вели Рикерт, додавајќи дека верува оти и двајцата веќе потрошиле над милион долари.

„И двајцата ангажираа многу реномирани адвокати, а Анџелина веќе смени неколку“, вели Рикерт, па се фрли на проценка и пресметување на вкупните трошоци.

„Цените по час може да се движат од 1.000 до 1.500 долари, а претпоставувам дека тие адвокати понекогаш наплаќаат 40 или 50 часа неделно. Ангажираа и приватен судија кој веројатно наплаќа околу 900 до 1000 долари од час, па веројатно чини околу 10 000 долари на ден“, проценува Рикерт, објаснувајќи дека за петдневно судење, приватниот судија најверојатно ќе земе 50 000 доалри, и уште 10 000 долари за претходно разгледување на трудовите.

„Би рекол дека тие му платиле на судијата веројатно близу половина милион долари“, вели Рикерт.

Неодамнешната продажба на Анџелина на сликата на аукција многумина ја сметаа за приближување кон конечно договарање и порамнување на сметките на поранешната двојка, но адвокат специјализиран за бракоразводни парови не го дели тој став.

„Всушност, мислам дека таа ја продаде за да може да плати уште повеќе адвокатски такси, но тоа е само песимистички поглед на потврдата за развод. Не би бил изненаден ако нејзините пари се искористат за таа намена, но секако може да се користат и за други работи“, вели Рикерт, кој смета дека Анџелина смета дека може да добие целосно старателство над децата, но дека ова едноставно не е така.

„Може да продолжи да троши милиони и милиони долари, но сè додека Бред сака старателство и се бори за него, ќе мора да го дели. Нивните најмали деца, близнаците Нокс и Вивиен, имаат 12 години, па може да трае уште шест години додека не наполнат 18 години и да станат возрасни“, вели Рикерт, кој имал неколку такви случаи во кои борбата продолжила сè додека децата не пораснале.

„Оние непријатните продолжуваат да се борат, а Анџелина со промена на адвокатите покажа дека сака да оди по свој пат и не е подготвена да се откаже“, вели Рикерт, додавајќи дека работата е уште полоша кога луѓето имаат пари борба.

„Другите остануваат без пари, но Анџелина има средства да продолжи да им плаќа на своите адвокати“, вели Рикерт.

escort - Korsan taksi