Музички времеплов: „Мамо, пушти ме“ – една од првите песни на Каролина Гочева која сите ја паметат

18 октомври, 2021
karo

Кога ќе се споменат почетоците на кариерата на Каролина Гочева, една од песните по која сите ја помнат е хитот кој и ден денес мајките им го потпевнуваат на ќерките кога бараат да излегуваат до доцна. „Мамо пушти ме“ дефинитивно, е песна со која започна сѐ. Еве што откри во едно интервју Каролина за тоа како гледа на оваа песна од денешен аспект:

„Од денешен аспек ја доживувам како симпатична детска песничка, убав спомен на моментот кога ми се исполнува детската желба да почнам да пеам. Искрено не се сеќавам кога последен пат сум ја пеела, веројатно уште многу одамана. Одвреме-навреме знам да ја пуштам на Јутјуб за да се потсетам на моето детство!“ – откри Каролина.

За нејзиното прво излегување таа откри дека тоа било друго време и дека имала дозволa да биде излезена само до 22:30 часот.

„Тогаш беше друго време и со сѐ почнувавме подоцна отколку денешните деца. Нормално беше да излегуваме навечер, но дури кога ќе наполниме 13 години. Смеев да излегувам само до 22:30 часот. Едноставно такво беше времето.“ – се потсети пејачкатa.

Преземено од hashtag.mk

escort - Korsan taksi