Оваа позиција на ѕвездите последен пат е забележана пред 11 години
Јупитер, планетата на среќата и изобилството, по 11 години влегува во знакот на Риби на 13 мај. Последен пат пранетата била во овој знак во декември 2010 година, а сега таа ќе владее со нашата енергија во 2021 година.
Јупитер ќе остане во Риби до 28 јули 2021 година, кога ќе влезе во Водолија за последен пат за да заврши некоја незавршена работа и да ни достави подароци. Јупитер подоцна ќе се врати во Риби на 29 декември 2021 година и ќе остане во овој знак поголемиот дел од 2022 година.
За да можете прво да наговестите што ќе ви се случи додека Јупитер е во Риби, запомнете кои теми беа важни за вас во 2010 година. Која е најважната работа што ви се случила во тој период од животот?
Ова не значи дека истите настани од 2010 година ќе се повторат, но можете да забележите како напредувате во форма на примање подароци што ги заслужувате или користење на лекциите што сте ги научиле од минатото. Ќе видите некои слични обрасци на однесување од овој период, а можеби и некои работи што останале нејасни во минатото ќе бидат разјаснети.
Јупитер во Риби ви носи здрава доза на добра енергија. Ова е позитивно време и момент да блеснете и да покажете колку навистина можете и умеете.
Конечно, прифатете ги наградите за вашите заслуги. Поврзете се со среќна енергија и изобилство. Во текот на овие два месеци, размислете како можете да се фокусирате на вашите животни цели и како да ги постигнете вистинските резултати.
Јупитер во Риби е енергија од соништата и може да ја зајакне нашата креативност и имагинација. Ова може да биде енергијата што нè „турка“ напред ако работиме на креативни проекти или проекти кои се занимаваат со имагинација, идеи, алтернативна реалност или мистицизам.
Исто така, може да донесе изобилство и проширување на нашите креативни и интуитивни проекти. Ако сте работеле напорно на нешто, знајте дека моќната енергија на Јупитер е на ваша страна и ви испраќа бранови на поддршка.