На аукција 500 лични предмети на Сталоне: Боксерските ракавици од „Роки“ проценети на 20.000 долари

popara15 септември, 20211min0
M8DROCK EC003

Директорот на аукциската куќа тврди дека славниот актер се сели, и дека тоа е причината за „распродажбата“ на работите

Од боксерски ракавици од филмот „Роки“ до лентата за глава од „Рамбо“, на декемвриската аукција во Беверли Хилс ќе бидат понудени сувенири на холивудската sвезда од акционите филмови Силвестер Сталоне.

Според агенцијата Ројтерс, речиси 500 лични предмети на Сталоне се продаваат, вклучувајќи костими, реквизити, тетратки и други спомени од најголемите филмови на актерот, пренесува Танјуг.

Ќе бидат понудени и боксерските ракавици на Сталоне од филмот „Роки 3“, а проценетата вредност е од 10.000 до 20.000 долари, како и рачно напишана тетратка за првите четири филмови од серијата „Роки“, по цена од 40.000 до 60.000 долари.

На љубителите на „Рамбо“ им се нуди колекција ножеви од првите три филма по цена од 10.000 до 20.000 долари, како и лентата за глава која Сталоне ја носеше во тој филм, а која се проценува на 8.000 до 10.000 долари.

Силвестер Сталоне Детска приказна Плус Неоптоварени факти за биографијата

– Тој е спортски тип, тоа е она што тој го претставува, и луѓето можат да се поврзат со тоа – рече извршниот директор на аукциската куќа „Julien’s Auctions“ Мартин Нолан.

На прашањето зошто актерот, кој сега има 75 години, продава работи, Нолан рече дека всушност се сели и ја продава куќата.

– Очекуваме огромен одзив за оваа објава на аукција бидејќи луѓето се повеќе се заинтересирани за овој тип на предмети – рече Нолан.

Нолан додаде дека проценуваат дека продажбата на аукција ќе биде во опсег од милион до еден и пол милиони долари.

Аукциската продажба ќе се одржи на 5 декември во „Julien’s Auctions“ во Беверли Хилс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma