Ова не го очекуваа!
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, наводно, завршиле на суд по тужбата на нивниот семеен пријател и кум Александар Винчиќ, која се однесува на заеднички бизнис – производство на вино.
Соработникот на пејачката и тенискиот ас наводно повеќе не сака да соработува со нив, поради што си го бара својот дел, кој наводно изнесува дури половина милион евра.
Брена и Боба во 2018 година заедно со нивниот кум започнаа бизнис со производство на бело вино, а очигледно бизнисот почнал добро и не чекале долго на првата заработка. Покрај продажбата, набрзо почнаа да учествуваат и на разни фестивали посветени на пијалоците од грозје и да освојуваат награди, што помогна нивниот бизнис да се развива уште повеќе и побрзо во наредниот период.
Бидејќи бизнисот одел добро, Брена и Боба биле воодушевени, па имале неколку нови идеи за развој на бизнисот. Но, некои од нив не му се допаднале на Винчиќ, па им предложил да го забават темпото, но бидејќи не се откажувале, им рекол дека немаат негова дозвола да продолжат, поради што почнале првите несогласувања и падови. Кумот им понуди компромис, но Живојиновиќ не се согласиле, поради што одлучил да го напушти бизнисот. Во тоа време, тој наводно побарал да му се исплати се што дотогаш вложил, околу половина милион евра, пишува „Курир“.
Не се знае кога ќе биде првото соочување, но пејачката и тенискиот ас се подготвени да се борат до крај. Да се потсетиме, Боба и Александар го започнаа својот бизнис пред три години, а Живојиновиќ секогаш во суперлатив зборуваше за кумот.
– Нашиот пријател и сопственик на винаријата беше вистинскиот иницијатор на целата приказна. Подоцна, станавме кумови, мојот син Стефан го крсти неговиот син, а тој е исклучително вреден човек и можеби е најголемиот производител во оваа област. Од кумството почнавме да правиме заедничко вино. Ние сме многу препознатливи на нашиот пазар, не само во Србија, туку и во Црна Гора и Хрватска. Нѐ има и во Словенија – изјави Боба при промоцијата на виното, а потоа се откри дека купиле 1,53 хектари земјиште во Дивош.