Притисокот беше преголем
Принцот Чарлс наводно имал нервен слом поради принцот Хари и Меган Маркл. Според National Enquirer, 72-годишниот иден британски крал се обидува на секој начин да го задржи среќниот израз на лицето и да не открие колку влијаеле на неговото ментално здравје неодамнешните постапки на бегалскиот кралски пар. Сепак, притисокот бил едноставно преголем, па изворот за споменатите медиуми изјави дека на принцот од Велс неодамна му била дијагностицирана депресија.
„Тој едноставно не можеше да се справи со бруталните напади и омразата што ги ширеја Сасексови во последните месеци. Тие индиректно го обвинија дека е чудовиште и ја обвинија неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, дека таа го направила таков. Чарлс никогаш нема да може да им прости“, изјави извор близок до кралското семејство, кој откри дека сопругата на Чарлс, 73-годишната Камила, кога сфатила колку е сериозна здравствената состојба на нејзиниот сопруг, ги повикала лекарите да интервенираат.
National Enquirer исто така наведува дека Чарлс сега е во фаза на лекување – тој учи да се справува со гневот што му се насобрал и емоциите, па затоа го пропушти состанокот со неговиот помлад син, кој помина една недела во својата татковина пред да го открие споменикот на трагично починатата мајка, принцезата Дијана.
„Камила сакаше да избегне каква било можност доаѓањето на Хари во Велика Британија дополнително да го наруши менталното здравје на нејзиниот сопруг, па затоа го советуваше Чарлс да остане во Балморал за време на посетата на Хари. Средбата на таткото и синот можеше да предизвика нов слом кај Чарлс, што исто така би го загрозило неговото наследување на тронот, а Камила не можеше да го дозволи тоа“, заклучил изворот.