Научниците тврдат дека одржувањето на здраво ниво на железо во крвта може да биде клучот за подолг живот.
Тие ги анализирале генетските предиспозиции на повеќе од милион луѓе, со цел да утврдат зошто телата на некои луѓе стареат со различна брзина.
Нивните наоди можат да помогнат и да го забрзаат развојот на лекови кои ќе помогнат во лекувањето на разни болести поврзани со стареењето – вклучувајќи срцеви заболувања и деменција. Тимот експерти не ја откриле оптималната количина на железо што треба да ја внесуваме како дел од секојдневната исхрана