Според српскиот магазин Свет, Новак Џоковиќ бил мета на луѓе кои биле подготвени да сторат сè за да му го уништат бракот со сопругата Јелена. Како што вели српската манекенка Наталија Чекиќ во својата исповед, некои менаџери и соработници ја замолиле да го заведе Џоковиќ и да го снима нејзиното дружење со него.
Мислела дека тоа е шега
„Еден човек ми се јави, тој е од Белград и го познавам, мислев дека е сериозен менаџер. Кога ме контактираше, мислев дека ме бара за сериозна работа, за превземање оглас или фотографирање. Кога започна разговорот, кога ми го кажа планот, најпрво помислив дека е скриена камера, почнав да се смеам. Ми се чинеше како шега, но навистина не беше. Тие навистина подготвуваа пеколен план. Ми рекоа да го однесам Новак некаде интимно и да го снимам сето тоа“.
Големи пари и патувања
Понудата беше од 50 до 60 илјади евра и патување од соништата по мој избор. Сето тоа ми беше навредливо. Не сум таква девојка, не сум спонзоруша ниту проститутка. Можам само да замислам што би се случило ако такво видео се објави. Би настанал огромен хаос. Џоковиќ не го заслужува тоа.