Пејачот Никола Перевски или Пере од Нокаут при крајот на ноември 2020 по трет пат стана татко и ја доби ќерката Софиа.
Пере отогаш ужива со најмалиот член на семејството и секој слободен момент го поминува со најмалата наследничка.
Тој на социјалните мрежи понекогаш знае да сподели некоја фотографија со најмалата наследничка и да покажe како го поминуваат времето заедно.
Иако календарски се уште не е лето, летната сезона и летните одмори се отворени, а некои од познатите веќе предвреме заминаа на одмор.
Пере деновиве е во нашиот прекрасен Охрид каде во друштво на семејеството ги полни батериите.
Имено, пејачот на својот Инстаграм објави фотографија како одмара покрај плажа заедно со сопругата Јована и ќеркичката Софиа, а во описот напиша:
„Среќичка“.
Нема сомнеж дека Пере ужива со најсаканите, а на малата Софиа ова и е прв одмор со мама и тато.
Инаку, Пере од првиот брак веќе ги имаат ќерките Михаела (21) и помалата ќерка Каја (13).
Преземено од vistina.com.mk