На свадбата му остави место на својот покоен син: Кога видела кој седи таму, таа останала без зборови!

16 февруари, 2021
1994422516077214592396476166219037390437881o-460x0

Трогателна приказна за безгранична љубов…

Денот на венчавката е еден од најважните денови во животот. За жал, големиот ден Беки Тарнер не можеше да помине како што замислуваше. Пред да му го каже судбоносното „да“ на новиот избран, Беки остана без син.

Заскитан куршум го уби младиот човек, а тагата на мајката беше неподнослива.

Сепак, таа се обиде да најде причина да живее по страшната трагедија и не знаеше дека пронашла човек што ќе стори сé за неа – дури и она што не можеше ни да го замисли во соништата.

На денот на венчавката сè одеше во најдобар ред, сè додека појавата на мистериозен странец не ја смени атмосферата.

За време на церемонијата, едно место остана празно – место посветено на нејзиниот син Тристен. Тој стол го зазеде 21-годишниот Јаков.

Иако Беки никогаш не го виде, таа веднаш знаеше кој е тој. Јаков го доби срцето на трагично убиениот син на Беки.

Имено, Тристен бил регистриран како донатор на органи, а пред свадбата вереникот на Беки стапил во контакт со младиот човек и го замолил да дојде на церемонијата.

Јаков поминал повеќе од 1.200 километри за да присуствува на венчавката. Преку стетоскоп, Беки можеше да го слушне и срцевиот ритам на нејзиниот син.

escort - Korsan taksi