Ноќта на Канскиот филмски фестивал беше многу интересна. Дамите повторно дадоа се од себе да ги импресионираат модните експерти, а најголемо внимание сепак привлече свршеницата на Кристијано Роналдо, Џорџина. Сепак, причината воопшто не е убава.
Имено, познавачите на модата едногласно се согласија дека ова е еден од најголемите модни неуспеси на овогодинешниот фестивал.
Иако беше на мета на критики, Џорџина гордо позираше во кафеав фустан кој ги истакнуваше нејзините облини. Кожни детали, длабок шлиц и дијамантски накит, ништо од тоа не беше доволно за да остави добар впечаток ниту овој пат.
“Бојата и кројот се целосно промашување. Јас ѝ препорачувам следниот пат да се консултира со стилисти”, “Оваа жена не знае што е добар стил”, се само некои од коментарите што можеа да се слушнат.