Најбогатиот човек на светот повторно е сам! Илон Маск раскина со 17 години помладата пејачка

popara25 септември, 20212min0
tan2021-9-242047395170-830x0

Поранешниот пар последен пат беше виден заедно на Мет Галата на почетокот на овој месец

Најбогатиот човек на светот, американскиот милијардер Илон Маск (50) и пејачката Клер Грајмс Башер (33) раскинаа по тригодишна врска, пишува „Page Six“.

Маск за странските медиуми изјави дека се уште е во добри односи со пејачката, и заедно се грижат за нивниот едногодишен син, на кого му дадоа, најблаго речено, необично име X Æ A-Xii.

– Се уште се сакаме, често се гледаме и во одлични односи сме – истакнува Маск.

Грајмс неодамна рече дека раѓањето на нивниот син отворило за неа нов свет на креативност.

– Мислам дека раѓањето на детето за мене беше одличен вид на повторно раѓање, уметнички – напиша таа на социјалните мрежи.

Поранешниот пар последен пат беше виден заедно на Мет Галата на почетокот на овој месец. Странските медиуми пишуваат дека следниот ден биле видени како заедно го напуштаат Њујорк, но минатиот викенд Маск наводно сам дошол на забава организирана од коосновачот на Гугл, Сергеј Брин.

Маск претходно беше во брак со актерката Талула Рајли, со која се ожени двапати. Тие се венчаа за прв пат во 2010 година, но се разведоа во 2012 година. Се смирија една година подоцна, и се венчаа во 2013 година и повторно се разведоа во 2016 година. Кратко се гледаше и со Амбер Херд.

Погледнете ги фотографиите на Илон, Грајмс и нивниот мал син во галеријата.

Да потсетиме, Илон е официјално најбогатиот човек на светот со 194,6 милијарди долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma