Олимпискиот рекордер на сто и двеста метри, неповторливиот Усеин Болт и неговата долгогодишна партнерка Каси Бенет објавија дека нивното семејство добило уште два члена. Веста беше дочекана со доза на изненадување кај фановите на фантастичниот спринтер од Јамајка, бидејќи никој не знаеше дека Каси е бремена.
Гордите родители објавија семејна фотографија од петчлено семејство на Инстаграм и ги открија имињата на ново пристигнатите момчиња – Тандер и Сент Лео. Покрај близнаците, Хусеин и Каси веќе имаат и девојче, Олимпија Лајтнинг, родена лани во мај. Светските медиуми, не без причина, ја следеа веста за проширувањето на семејството Болт со духовити наслови – дека по Молњата пристигнал и Гром.