НАЈДОБРИОТ СВЕТСКИ ТЕНИСЕР НЕМА ДА ИГРА ВО МАДРИД ПОРАДИ „БОЛКА ВО СРЦЕТО“ Ноле објасни зошто нема да патува во Шпанија

30 април, 2021
Screenshot_1

Најдобриот тенисер на Светот Новак Ѓоковиќ неодамна објави дека ќе се откаже од учество на турнирот во Мадрид.

Ваквата одлука на првиот светски рекет ја заинтригираше светската тенисерска јавност.

Австралискиот новинар Сем Гудвин посочува дека „болката во срцето“, односно тагата, е главната причина за откажувањето на Новак.

Во „новото нормално“ со присуство на корона вирусот, тенисерите се соочуваат со околностите на карантин за време на патувањето, а Ѓоковиќ во бројните јавни настапи истакна дека тоа многу го погодува, пред сѐ заради фактот дека е разделен од неговото семејство долго време.

“Ѓоковиќ одигра само четири турнири оваа сезона, откако реши да паузира по 18-та грен слем титула, освоена на Австралија опен во февруари. По освојувањето на круната на Мелбурн парк, Ѓоковиќ предупреди дека може да игра помалку турнири во 2021 година, за да може да поминува повеќе време со своето младо семејство. Србинот постојано зборува за тоа како далеку од неговата сопруга Јелена и нивните две деца е тежок товар за него “, се вели во текстот.

Навистина, Ѓоковиќ постојано го потенцираше ваквиот став.

-На моменти, тоа ми го крши срцето. Ќе морам да го коригирам распоредот. Времето што не го поминувам со моето семејство дефинитивно влијае врз мене, како и фактот дека тие не можат да патуваат со мене. Тоа е голем проблем за мене – рече Ѓоковиќ.

Новак и неговата сопруга Јелена имаат две деца, шестгодишниот Стефан и тригодишната Тара.