Не ви се потребни кулинарски вештини за да подготвите салата што ќе ви го отвори апетитот.
Состојки:
главица црвен кромид
2 розови домати
една краставица
масло
оцет
морска сол
Подготовка:
Прво излупете ја краставицата и излупете го кромидот. Потоа, поделете го црвениот кромид на два дела и исечете го на мали парчиња. Ставете го во тавата и додадете масло и оцет.
Промешајте го кромидот, маслото и оцетот, а потоа додадете морска сол. Кога се е убаво споено, потребно е да додадете ситно исечкана краставица, а потоа и домат.
Кога ќе измешате се, оставете ја салатата во фрижидер кратко време, по што е подготвена за јадење.