Актерката донесе парче кое никогаш не излегува од мода.
Актерката Анџелина Џоли прошета на црвениот тепих во Рим, на промоцијата на нејзиниот филм „Eternals“, а за овој настан се одлучи за едноставна комбинација на облека која никогаш нема да излезе од мода.
Иако во последно време се почесто ја гледаме во сведени, еднобојни комбинации, актерката наоѓа начин да блесне, како што беше случај и овој пат.
Тајната е во едноставниот и долг црн фустан на едно рамо.
За разлика од претходниот пат кога нејзиниот накит привлече големо внимание, Анџелина го надополни овој аутфит со едноставни, но ефективни светкави обетки, и незабележлива нараквица во сличен стил, а косата лежерно и падна преку рамениците.
Едно е сигурно – таков едноставен црн фустан никогаш нема да излезе од мода, или поради елеганцијата или кројот што одговара на секоја фигура.