Бесрамно ги изневеруваа своите поубави половини со години
Многу познати актери и музичари со години ги изневеруваа своите поубави половини и законски сопруги. Тие скандали го потресоа Холивуд толку многу што за нив се зборува и ден – денес.
Џуд Ло и Сиена Милер
Меѓу најпознатите прељубници во светот на славните секако е и актерот Џуд Ло. Во јули 2005 година, неговата свршеница и колешка Сиена Милер ја затекна шокантно интервју за британските медиуми дадено од нивната дадилка.
Во тоа време, 26-годишната дадилка Дејзи Врајт, која ја чувала ќерката на Џуд, Ирис и синовите Руди и Раферти, призна дека била во врска со славниот актер.
– Тој е одличен љубовник и знае како да задоволи жена. Не можевме да се заситиме еден од друг – јавно рече дадилката.
Додаде дека сè започнало во април истата година кога заедно отишле на концерт на Роберт Плант и откри како Лу го направил првиот чекор. Дејзи, исто така, истакна дека едното дете ги затекнало во кревет додека имале сексуални односи.
Актерот јавно и се извини на својата тогашна свршеница Милер за измамата. Сиена му прости на Џуд за сè, но тие раскинаа во 2006 година, и ја оживеаја својата врска по три години и беа заедно во следните две години до 2011та.

Мик Џегер и Џери Хол
Фронтменот на групата „Rolling Stones“, Мик Џегер, кој е познат како голем заводник, успеа да спие со дадилката на неговата ќерка Георгија и синот Габриел.
Додека беше во брак со моделот и актерка Џери Хол, Мик спиел со тогаш 32-годишната Клер Хаусман во 1998 година.
Во интервју за британските медиуми, Клер рече дека само запознавањето со Џегер било лудо. Ја ангажирала неговата сопруга, а кога дошла во хотелската соба, музичарот ја поздравил целосно гол, без долна облека.
– Излезе од тушот и ми подаде рака, а јас не знаев каде да погледнам. Тој лежерно рече: „Здраво, јас сум Мик“. Искрено, не знаев со кој дел од неговото тело да се ракувам – се пошегува таа.
Два дена подоцна, Клер потклекнала на шармот на рокерот. ПР-от на музичарот негираше дека Мик имал сексуална врска со Клер, а фронтменот на Rolling Stones се разведе по девет години брак, една година по неговата врска со дадилката. Како причина за разводот, Џери го наведе неверството на Џегер.

Ева Лонгорија и Тони Паркер
Актерката Ева Лонгорија и кошаркарот Тони Паркер беа во навидум прекрасен и хармоничен брак, кој траеше само три години. Во 2010 година, убавата актерка поднесе барање за развод од НБА sвездата, а причината беше што Ева откри дека Тони им испраќал стотици пораки на други жени. Не помина многу време и медиумите открија дека кошаркарот има афера со Ерин Бери, сопругата на неговиот поранешен соиграч Брент Бери.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер
Бен Афлек и Џенифер Гарнер го објавија разводот летото 2015 година по 10 години брак и ја изненадија јавноста.
Пријатели на парот за медиумите откриле дека Кристин Узонијан, дадилката на нивните пет деца, е виновна за раскинувањето на бракот.
Имено, додека Бен и Џенифер биле накратко разделени и работеле на нивната врска, тој се забавувал со Кристин. Актерот ги демантираше гласините, а сликите од дадилката како ужива во луксузен хотел, како што тврди таа, престојувала со него. Тој, наводно, ги платил не само нејзините трошоци, туку и на нејзините пријателки кои останале со неа таму.

Итан Хок и Ума Турман
Актерската двојка Итан Хок и Ума Турман изгледаа како совршено да се надополнуваат и важеа за еден од најхармоничните парови во Холивуд. Тие се венчаа во 1998 година и ја добија ќерката Маја и синот Левон.
Двојката се раздели во раните 2000-ти и се појавија гласини дека Итан ја изневерил Ума со Рајан, дадилката на нивните деца. Никој од нив не сакаше да ги потврди или негира тие тврдења, но тие се разведоа во 2005 година.
Сепак, само три години по разводот, Хок се ожени со Рајан, со кого ја има ќерката Индијана и Клементина. Актерот продолжи да негира дека дадилката го уништила бракот со Ума.
Деми Мур и Ештон Кучер
Еден од холивудските парови на кои не им сметаше разликата во годините беа актерите и колеги Ештон Качур и Деми Мур. Сепак, по скандалите и обвинувањата дека Ештон ја изневерил својата 16-години постара сопруга со 22-годишната Сара Лил, Деми Мур во 2011 година објави дека се разведува по повеќе од седум години брак. Да бидат работите уште полоши, тогаш медиумите објавија дека Ештон ја изневерил Деми ноќта пред седмата годишнина од бракот.
