НАЈЛЕСНИОТ НАЧИН ЗА АКТИВИРЊЕ НА ВАШИОТ МОЗОК И ПОМНЕЊЕТО! Моливот „лечи“ заборавеност

popara29 септември, 20211min0
405486_old-letters-1082299-1920_f

Ако имате проблеми со меморијата, разбирање пишан документ или учење за време на школувањето, наместо компјутер и часови во електронска форма, земете хартија и молив и пишувајте, е пораката од студијата на американските психолози објавена во списанието „Psychology Today“.

За време на истражувањето, тим научници заклучиле дека, без оглед на возраста на испитаниците, модерната ера и развојот на технологијата може да бидат голема пречка за интелектот и дека употребата на молив и пишување барем еден час дневно носи бројни придобивки за мозокот.

Го подобрува учењето

Една студија објавена од Асоцијацијата за психолошки науки покажа дека бележењето предавања директно на лаптоп му штети на процесот на учење затоа што се запишува без размислување, наместо информациите да се бележат веднаш со сопствени зборови. Истражувачите откриле дека студентите кои пишуваат трудови со молив имаат подобар стил, подолги состави и користат посложени реченици.

Добро за постари

– За време на пишувањето, мозокот го обединува чувството за контрола на движењето и размислувањето, а со тоа се активираат неговите делови што не учествуваат кога пишуваме на тастатура. Тоа е одлична вежба за постари лица, но и за оние кои страдаат од дислексија, кои имаат тешкотии правилно да ги формираат зборовите. Зборовите се пишуваат по основна линија, а моливчето се лизга од лево кон десно, што го олеснува учењето – вели терапевтот Дебора Спир.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag