Кајли Џенер и Тревис со години беа во турбулентна врска, во која пред три години ја добија ќерката Сторми.
Кајли Џенер е бремена, и очекува уште едно дете со раперот Тревис Скот, тврдат странските медиуми.
Кајли (24) веќе ја има ќерката Сторми (3), а неодамна беше прогласена за една од најбогатите жени.
Мултимилионерката веќе некое време вели дека има желба да го прошири семејството: “Едвај чекам да имам уште едно бебе. Дефинитивно ќе имам четири деца, но немам временско ограничување”.
Многумина беа изненадени од нејзината желба да има дете со своето момче Тревис Скот, со кого често раскинуваше. “Тој е мојот најдобар пријател. Се координиравме околу Сторми цело ова време”.
Гласините се повеќе се потврдуваат откако нејзиниот татко Кејтлин Џенер, деновиве рече дека го очекува седмото внуче.
Покрај тоа, специјалистите за социјални мрежи констатираат дека веќе некое време Кајли објавува стари фотографии на социјалните мрежи, а таа дури не ни објави фотки од прославата на роденденот што е нетипично за неа.
Таа и минатата бременост ја чуваше во тајност, затоа не е ни чудно што се уште не се огласила, а извори велат дека е на почеток од бременоста.