Ким Кардашијан викендов го водеше шоуто „Saturday Night Live“, а познатата старлета се погрижи нејзиниот изглед да не остане незабележан.
Гледачите беа изненадени од хуморот на познатата старлета и заклучија дека таа беше многу симпатична во шоуто, сепак, забавата што следеше беше главниот адут на нејзиниот перформанс.
По Мет Галата и црната комбинација за која корисниците на социјалните мрежи зујат со недели, Ким одлучи повторно да изненади, но сега во розово одело. Таа носеше тесно одело и имаше палто со перја со иста боја. Костумот ги нагласи нејзините бујни облини, а обожавателите на најпознатата Кардашијанка се прашуваа како воопшто успеала да облече такво необично парче. Ја задеваа дека ја „одрала“ птицата и дека изгледа како фламинго.
Целиот изглед Ким го заврши со впечатливи обетки и едноставна шминка.