НАЈПРАКТИЧНАТА ЛЕТНА ФРИЗУРА, А ОДЛИЧНО СТОИ НА СИТЕ: Оваа сезона е апсолутен хит!

popara28 јули, 202115min0
254869_bob_ls

Без разлика дали станува збор за женски лоб (долг боб), пократки варијанти на боб, оној со патец во средината или ултра шик асиметрични варијанти, популарноста на оваа тренди фризура не избледе со години, а оваа сезона е на самиот врв.

Секоја сезона се појавуваат нови варијанти на омилената фризура за многу жени, која повеќе пати го покажа својот безвременски карактер.

Легендарната боб, на која најпозната модна уредничка во светот Ана Винтур и е верна со децении, е една од оние фризури со кои едноставно не можете да погрешите, особено во лето, кога никој не е воодушевен од идејата на фенирање или пеглање на косата.

Во моментов апсолутен хит е кроп боб што беше актуелен во 90-тите години.

За разлика од класичната фризура, кроп боб е пократок и има слоевито исечени краеви за да се постигне поголем волумен. Ако се сомневате во оваа фризура, не грижете се – сигурно нема да имате многу обврска со стилизирањето бидејќи е пожелно косата да не е совршено фенирана, туку случајно неуредна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma